Започнавме со печатење во 2002 година со единствена цел, сѐ она што Вие ќе го замислите ние да го претвориме во реалност и истовремено да го обоиме и да го направиме Вашиот бренд повпечатлив и препознатлив. Од самиот почеток континуирано работиме на зголемување на обемот на услуги за да можеме да одговориме на сите Ваши потреби од областа на графичката индустрија.

Инвестирањето во нови технологии и придржувањето до квалитетот на нашите услуги е наш предуслов, бидејќи единствено на тој начин ќе останеме доследни на нашите ветување и ќе ги исполниме Вашите барања. Досега може да се пофалиме со голем број отпечатени материјали и сме горди на нашите достигнувања.

30 000 отпечатени пенкала и запалки за само еден ден е бројка со која се гордееме. На годишно ниво бројката расте и повеќе од 1 милион отпечатени материјали .

Имате прашање? Ве очекуваме на: ++ 389 (0) 2 2533 - 532


Контактирај нè

Услуги

Контакт


Доколку имате било какви прашања Ве молиме пополнете ја контакт формата или пак искористете ги останатите контакт информации.